Најмалку 30 лица загинаа во нов напад во Нигерија

Од:

Најмалку 30 лица загинаа во напад врз село во северниот дел на Нигерија, само неколку часа откако при две експлозии се убиени 118 луѓе во гратчето Џос, објави локалниот весник „Лидершип“.

Вооружени лица го нападнале селото Шава во нигериската држава Борно во раните утрински часови.

Според очевидци, за време на нападот биле уништени голем број куќи, како и магацини со пченка и просо.

Претходно, најмалку 118 лица загинаа, а 56 други се ранети при два бомбашки напади на пазар во нигерискиот град Џос, соопшти полицијата.

Нигериските власти стравуваат дека конечниот биланс на жртвите во овие два напада може да биде поголем.

Досега никој не презеде одговорност за нападите, но се претпоставува дека зад нив стои исламистилчката група Боко Харам.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО Поплавите уништија нигериски град, на улиците „врие“ од крокодили и змии

Се урна училиште во Нигерија – загинаа 22 ученици, 150 се заглавени под урнатините

A1on

Најмалку 18 луѓе загинаа во бомбашки напад во Нигерија

Повеќе од 100 гости на свадбата се удавија во Нигерија кога нивниот брод се преврте

Најмалку 54 лица загинаа во експлозија на бомба во централна Нигерија

ВИДЕО: Свештеник жив запален во Нигерија

А1он