ВИДЕО: Историски договор за гас меѓу Русија и Кина вреден 400 милијарди долари

Од:

По десетгодишни преговори, Русија и Кина денеска потпишаа договор за гас за рок од 30 години, вреден 400 милијарди долари.

Договорот меѓу руски „Гаспром“ и кинеската компанија ЦНПЦ ќе и обезбеди на кинеската економија природен гас, кој ќе и помогне во следните 30 години да го задржи своето темпо на раст.

Договорената цена на гасот не е објавена и таа останува „трговска тајна“.

Ако се претпостави дека вкупната вредност на договорот ја вклучува само цената на рускиот гас, тогаш сумата од 400 милијарди долари значи дека Кина ќе плаќа околу 350 долари за илјада метри кубни гас.

Русија ќе ја снабдува Кина со 38 милијарди метри кубни гас годишно преку источниот гасовод „Моќта на Сибир“, кој минува преку Сибир и стигнува до кинеските населени североисточни региони.

Меморандумот за разбирање е потпишан во присуство на кинескиот претседател Сји Џинпинг и неговиот руски колега Владимир Путин, кој се наоѓа во дводневна посета на Шангај.

Договор со Кина ќе и помогне на Русија да го прошири пазарот за извоз на нејзиниот гас, кој моментно главно оди кон Европа.

Би можело да ве интересира

Кина воено ја тестира својата способност да го окупира Тајван

ЕУ увезува руска нафта преку турските пристаништа

Напад со нож во Кина, убиени осум лица

ЕУ: Русија да ги заборави замрзнатите средства и по укинувањето на санкциите

Седум лица загинаа, а осум се повредени во пожар во московскиот регион

ФСБ уапси две лица кои подготвувале терористички напад во Русија

Горан Наумовски