ВИДЕО: Општина Струмица и годинава ќе поддржи квалитетни проекти на невладиниот сектор

Од:

Во организација на Општина Струмица денеска се одржа инфо ден на кој  претставниците на граѓанските организации и фондации беа информирани за начинот на кој ќе се реализира поддршката од општината за оваа 2014 година.

Според Тони Милушев, раководител на одделението за Локален економски развој, целта на средбата беше на транспарентен начин да се информираат граѓаните на општината за отпочнувањето на процедурата за прибирање на предлог проекти од областа на локалниот економски развој, заштитата на животната средина, образованието, културата, социјалната и здравствената заштита.

-Во рамките на овие активности, во буџетот на општина Струмица за 2014 година, во програмата G1 поддршка на локален економски развој – трансфер до невладините организации, планирани се финансиски средства во висина од 2.350.000 денари и дополнителни 600.000 денари во програмата V2 социјална заштита, кои ќе бидат ставени на располагање за реализација на проектите од здруженијата и фондациите од општината. Финансиската поддршка ќе биде распределена согласно утврдени критериуми во рамките на законот за здруженија и фондации. Сметаме дека овој отворен инфо ден ќе биде доволен мотив за здруженијата и фондациите да креираат квалитетни проекти и да аплицираат на отворениот јавен повик кој ќе биде објавен наредната недела, рече  Тони Милушев, раководител на ЛЕР при општина Струмица.

Здруженијата и фондациите кои  ќе бидат избрани и ќе добијат финансиска поддршка, своите проекти ќе треба да ги реализираат до крајот на оваа година и тоа исклучиво на територијата на општина Струмица.

Би можело да ве интересира

Левица: Баџанакот на Мицкоски со бугарски фирми добива тендери од општина Струмица

Трагедија во Струмица: 71-годишна жена е пронајдена почината во Градскиот парк

Горан Наумовски

Мртва жена e пронајдена во Градскиот парк во Струмица

Горан Наумовски

Во Кичево и Струмица надминат прагот на алармирање за аерочестички до 10 микрометри

Костадинов: Наводите за криминал со електричните автобуси се целосно неосновани

Четворица струмичани од камион украдоа 160 вреќи компир

Горан Наумовски