Американскиот потпретседател Џо Бајден, кој престојува во посета на Романија, денеска изјави дека ако Русија ги поткопа изборите во Украина, тогаш САД треба да воведат построги санкции кон Москва.
Тој нагласи дека САД проценува што досега има направено Владата на Украина, вклучивајќи ги тука и уставните реформи.
Бајден посочи дека претседателските избори в недела се можност за Украинците да одлучат за својата иднина. Тој додаде дека сите европски држави треба да го искористат влијанието за да се создаде позитивна атмосфера и за да можат украинските граѓани слободно да гласаат.