Тајландската армија тврди дека Уставот не е суспендиран

Од:

Началникот на Генералштабот на тајландската армија, генерал Прајут Кан-ока, кој вчера прогласи воена состојба во државата, денеска имаше интензивна политичка активност која, според армиски извори, треба да придонесе за надминување на спротивностите меѓу партијата на власт и опозицијата и за обезбедување нормална атмосфера, што ќе овозможи евентуално оддржување на повторените општи избори во земјата.

Иако тврди дека Уставот во државата не е суспендиран и дека во Тајланд функционираат и преодната влада и државните агенции, тајландската Армија почна да предизвикува незадоволства, како во земјата така и во соседните држави.

Најголемо незадоволство предизвика ненајавената цензура на електронските и пишаните медиуми. Една од првите мерки на армиската команда беше запирањето на работата на 14 телевизиски станици кои преку сателитска програма ја покриваа територијата на целата држава.

Од друга страна, армијата обезбеди непречено одвивање на домашниот и меѓународниот авиосообраќај. Досега нема откажување на ниту еден меѓународен лет, а во туристичките центри и во Бангкок дневно пристигнуваат десетици илјади туристи.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Питон со часови давеше жена во Тајланд, полицијата шокираше од глетката

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Мајмуни „окупираа“ тајландски град, властите почнаа лов

Тројца Хрвати се повредени во сообраќајна несреќа во Тајланд

Горан Наумовски

Експлозија во фабрика за огномет во Тајланд: Најмалку 23 лица загинаа

ВИДЕО: Во експлозија на магацин со пиротехнички материјали на Тајланд има 12 мртви

Катерина Ѓуровски

Германски бизнисмен крвнички е убиен, бил мачен, а потоа и распарчен, неговото тело e пронајдено во замрзнувач