Македонски земјоделци на саемите во Измир и Нови Сад

Од:

Земјоделци од Македонија ќе имаат можност да ги посетат Меѓународниот саем за земјоделство во Нови Сад, Србија, и Саемот за градинарски, поледелски и овошни култури на отворено во Торбали – Измир, Турција.

Посетите ги организира Федерација на фармери со цел, како што соопшти, да се разменат искуства и да се види практичната примена на новите технологии во аграрот.

– На ваков начин ќе се поттикне заедничкото планирање и донесување одлуки за усвојување и примена на напреднати земјоделски техники и технологија што ќе доведе до подобрена продуктивност, стандардизација на производите, оптимализација на количините и зголемување на приходите, изјави претседателот на ФФРМ Никола Стаменов.

На Саемот во Нови Сад ќе присуствуваат 100 земјоделци, а на Саемот во Торбали 20 земјоделци.

На новосадскиот саем годинава ќе бидат презентирани земјоделска механизација, опрема и резервни делови, храна и пијалоци, растително производство, сточарство, амбалажа, хемиска заштита и ѓубрива, агроиновации,…, додека во Измир на отворено ќе се презенираат засадени површини со нови сорти градинарски, поледелски и овошни култури.

Би можело да ве интересира

Земјоделците од штипските села се жалат дека немаат вода за наводнување на културите

Трипуновски: Љупчо Николовски доделил 2.5 милиони евра надвор од процедура

A1on

МЗШВ: Усвоена Интервентната програма за поддршка во земјоделството за 2024 година

Македонското земјоделство ги доби првите сертифицирани советници

Николовски: 2024-та ќе биде година на нови предизвици, продолжуваме со силна реформска земјоделска политика

Николовски од Делчево: Ги повикувам сите земјоделци навремно да аплицираат, остварувајќи го правото на дополнителите директни плаќања за полјоделски култури, градинарски култури, овошни и лозови насади