Силен земјотрес со интензитет од 5,9 степени според Рихтеровата скала, утрово околу 08:21 часот го погоди Тајван, но се уште нема извештај за жртви и причинета материјална штета, соопшти тајванскиот сеизмолошки центар.
Епицентарот на земјотресот бил на источната страна на Ухалијена на длабочина од 18 километри, пренесе „Ројтерс“.
Инаку станува збор за подрачје на Тихиот океан, каде што земјотресите се нормална појава.
Еден од најсилните земјотреси на Тајван е оној од 1999 година, кога загинаа 2.400 лица и беа уништени или оштетени околу 50.000 згради, а неговиот интензитет беше 7,6 степени според Рихтеровата скала.
Е. Г.