Оланд: Сирија треба да биде казнета ако повторно употреби хемиско оружје

Од:

Ако бидат откриени докази за употреба на хемиско оружје во Сирија по завршувањето на процесот на уништуивање на нејзиниот хемиски арсенал, тогаш ќе треба да бидат воведени меѓународни санкции кон Дамаск, изјави францускиот претседател Франсоа Оланд.

Оланд истакна дека Франција заедно со меѓународната заедница ја осудува употребата на хемиско оружје.

– Беше постигнат договор и ако има докази за употреба на хемиско оружје ќе ги употребиме сите правни средства повторно да го осудиме режимот и да воведеме санкции, посочи Оланд.

Лидерот на сириската Национална коалиција на опозициски и револуционерни сили Ахмад Џабра по средбата со Оланд истакна дека во Сирија секојдневно се вршат масовни убиства.

– Режимот ги употребуба сите можни оружја, понекогаш и најужасните, наведе Џабра.

Би можело да ве интересира

Израелска армија: Го убивме лидерот на Хамас во Сирија

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Серија израелски напади врз Сирија, најмалку пет лица загинаа, 19 се ранети

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер