А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Kонференција „Реформи на кривичниот систем во регионот“

by А1он21/05/2014 - 08:26118
Share0

Судии, јавни обвинители, адвокати и претставници од правосудните академии од Македонија, Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Словенија и Косово, денеска и утре, ќе учествуваат на регионалната конференција за „Реформите на кривичниот систем во регионот: Предизвици, трендови и воспоставување на адверзијален систем на кривична постапка“.

Добивај вести на вибер

Дводневната конференција е организирана во рамки на воспоставената долгогодишна соработка и потпишаниот меморандум за соработка меѓу Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ и Правосудната Академија на Косово, во соработка и со финансиска поддршка на Мисијата на ОБСЕ во Скопје и Мисијата на ОБСЕ во Косово.

Целта на конференција е да се разменат компаративните искуства  на земјите учеснички од регионот,  најдобрите практики од имплементацијата на новиот Закон за кривичната постапка, предизвиците и трендовите кои се појавуваат,  како и промената кон адверзијалните форми на кривичната постапка.

Поздравни обраќања на конференцијата ќе имаат директорката на Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ Анета Арнаудовска, директорот на Правосудната академија на Косово Лавдрим Красниќи,  јавниот обвинител во Јавното обвинителство на Република Македонија Лилјана Спасовска и претседател на Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“,  судијата и заменик претседател на Врховен суд на РМ Фаик Арслани и претседателот на Адвокатската комора на РМ Никола Додевски.

sudstvo

Би можело да ве интересира

По заканите Петровска побарала обезбедување, пред неа истиот се заканувал и на судијка

Предраг Петровиќ04/07/2025 - 13:5004/07/2025 - 13:54

(ВИДЕО) Случајот со Невена Спасеска повторно од Собранието: Обвинувања за корупција во Центарот за социјална работа

Предраг Петровиќ27/06/2025 - 10:4527/06/2025 - 10:58

Како уште се толерираат вакви судии: Четиригодишно дете наместо на мајката, со пресуда го дадоа на таткото семеен насилник

Предраг Петровиќ25/03/2025 - 10:5525/03/2025 - 07:59

Филипче: Оксиморон е со партиски протести Мицкоски да се бори против наводно партизирано судство

Предраг Петровиќ15/03/2025 - 12:48

Џолев: Не сме тука да водиме војни, проблемите во судството се заеднички

Горан Наумовски05/12/2024 - 14:58

Коалицијата „Сите за правично судење“ реагира на назначувањата во Академијата за судии и јавни обвинители

Предраг Петровиќ29/10/2024 - 16:20
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен