Најмалку 46 лица загинаа, а 45 се повредени во две експлозии на автомобил бомби на пазар во централниот нигериски град Џос, соопштија локалните власти.
Спасувачките екипи се уште се борат за справување со пожарот.
Според очевидци на настанот најголем дел од жртвите се жени.
Засега се уште никој не презема одговорност за нападот.