Одеса: Жртвите во Домот на синдикати најверојатно отруени со хлороформ

Од:

Причина за смртта на поголемиот дел од 48 жртви во Домот на синдикатите во Одеса на 2 мај е труење, изјави денеска началникот на обласната управа на украинската Служба за вонредни состојби Владимир Боделан.

– Околу 80 отсто од жртвите го загубија животот не поради јаглен-моноксид и чад. Тоа беше случај на нешто друго, можеби на хлороформ, рече Боделан.

Тој претходно рече дека влезот на пожарникарите и спасувачите во Домот на синдикатите го спречувала група од повеќе илјади напаѓачи, кои без оглед на пламенот кој изби во зградата и натаму фрлале „молотови коктели“ и пукале на прозорците.

– Нашите спасувачи извлекоа над 350 луѓе. Не давам политичка анализа на настаните, но да молчам за ужасот што го доживеаја спасените кои беа пред излезот, не можам да молчам. Ги тепаа толку многу што тие кои уште беа во зградата, одбиваа да излезат, рече Боделан.

Во Одеса во масовните судири на 2 мај настрадаа десетина противници на зимските протести на киевскиот Плоштад на независност – „антимајдановци“ во пожар во зградата на Домот на синдикатите, кои го подметнаа радикалите на Десниот центар и нивните приврзаници.

Би можело да ве интересира

Сибиха: Веќе започнавме консултации со САД за новиот текст на договорот за ретки минерали

Шмихал: Украина очекува отворање на преговарачки кластери во наредните месеци

Анкета: Повеќе од 50 отсто од Украинците стравуваат од неправеден мир

Ритер: САД ќе се согласат со повеќето услови на Русија за решавање на конфликтот во Украина

Киев: Русите регрутираат млади државјани на Украина за терористички и диверзантски активности

Германија ќе и обезбеди на Украина повеќе од 11 милијарди евра воена помош до 2029 година