Министерството за култура информира дека поради организациони причини и потреби, хуманитарниот концерт за помош на погодените региони од поплавите во Србија и Босна и Херцеговина кој беше закажан за четврток, ќе се одржи в понеделник, на 26 мај.
Македонија вчера најави дека ќе организира голем хуманитарен концерт под мотото „Да се обединиме во хуманоста“ за помош на погодените од поплавите.