Уапсена неонацистичка група на истокот од Франција

Од:

Десетина лица за кои постои сомневање дека се членови на неонацистичка група која на интернет објави фотографии на маскирани лица вооружени со огнено оружје, беа уапсени денеска во регионот на Дуб, на истокот од Франција, јавува дописникот на МИА од Париз.

Станува збор за членови на групата „Blood & Honour C18“ (Крв и Чест борба18), кои беа уапсени во секторот на градот Морто од страна на припадниците на жандармеријата.

Акцијата на жандармеријата следуваше откако беше проценето дека оваа група претставува закана за јавниот ред, откако објавија фотографии на маскирани лица со воено оружје или ловечки пушки, и со најави дека се подготвени да преминат во акција за да ги бранат нивните националистички идеи.

Антифашистичкото здружение од Безансон откри неколку големи графити на неколку места во регионот со ознаките на групата.

„Групата која секоја година го слави роденденот на Хитлер и чија интернет страница содржи расистички и неонацистички содржини, е следена веќе извесно време од националното истражно одделение, специјализирано за екстремистички групи“ појасни Дидие Гуерио, офицер за печат при жандармеријата.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата

Уапсен сопственикот на Телеграм