Угостителските објекти ја следат примената на ХАЦЦП

Од:

Угостителските објекти во Македонија ја следат примената на ХАЦЦП. Околу осумдесет проценти го имаат воспоставено системот и применуваат добра хигиенска пракса, беше речено на денешната работилница во Прилеп што ја организира Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ).

– Инспекциските контроли покажуваат дека многу малку од угостителските објекти ги воспоставиле стандардите. Но, секојдневно се регистрираат нови и токму тие се нашата целна група зашо сакаме да имаме безбедна, сигурна храна, рече Светлана Колариќ, државен советник во АХВ.

Според неа, потрошувачите треба да знаат дека Агенцијата за храна е постојано на теренот и максимално врши надзор што потврдува дека храната е безбедна.

– Едукациите мора да бидат континуирани. Целта е сите оператори кои се занимаваат со угостителство да научат дека мора да се воспостави добра производна и хигиенска практика, да се направи анализа на опасност на секој чекор од процесот независно дали станува збор за подготовка, транспорт или пакување, истакна Колариќ.

АХВ ќе одржи вкупно 24 работилнци на тема „Интензивирање на имплементацијата на ХАЦЦП системот во угостителските објекти“. Досега беа организирани пет, во Скопје, Тетово, Гостивар, Штип, Прилеп и Битола. Циклусот треба да заврши до крајот на годинава.

Во Македонија има околу 3.400 угостители и 12.000 регистрирани оператори со храна. ХАЦЦП почна да се применува од 2008/2009 година.

Би можело да ве интересира

АХВ: Три ресторани и месарница во Кавадарци пласирале небезбедна храна

Горан Наумовски

АХВ: „Атлантик Штарк“ повлекува бисквити поради можност за присуство на надворешно тело

Дурмиши: Ќе има намалување на цените на основните прехранбени производи

AХВ: Откриена е небезбедна храна во месарница и во супер маркет во Скопје

Горан Наумовски

Јајца Л класа, суџук, пудинг од чоколадо: Што ќе се јаде во охридскиот затвор годинава

Понижување на лекарите и на пациентите – цела ноќ дежурство со една кифличка за вечера

Анита Петровска Рајковиќ