Тркалезна маса за воедначување на судската пракса

Од:

Тркалезна маса посветена на членот 6 од Европската конвенција за човекови права од аспект на правната сигурност со цел воедначување на судската пракса се одржа денеска во просториите на Академијата за судии и јавни обвинители во Скопје.

Тркалезната маса, како што информираат од Академијата, се организира согласно Заклучокот од состанокот на Меѓуресорската комисија за извршување на одлуките на Европскиот суд за човекови права во Стразбур и на неа учествуваа претседателите на граѓанските и трговските оддели од Врховниот суд на Република Македонија, апелациските и основните судови.

Директорот на Бирото за застапување на Република Македонија пред Европскиот суд за човекови права, Костадин Богданов пред присутните ги презентира случаите пред Европскиот суд за човекови права со наводи за повреда на чл.6 од ЕКЧП во делот на воедначената судска пракса, додека за искуствата на Врховниот суд на Република Македонија од аспект на примената на чл. 6 од ЕКЧП излагање имаше судијата и претседател на Одделот за судење во разумен рок на Врховен суд на РМ, Николчо Николовски.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Процентуално од БДП Македонија одвојува повеќе за правосудството и од далеку помоќни земји во Европа, а ефикасност и правда скоро и да нема

(ВИДЕО) Манасиевски: Јавноста не гледа подобрување на квалитетот на судските процеси, намалување на предмети или пак поголема отчетност

ВМРО-ДПМНЕ: Ако до Нова година нема чекори за борба против корупцијата за еклатантни примери на криминал ние ќе тргнеме во одлучна акција која ќе направи коренити промени во правосудството

Филипче: Мицкоски e директно одговорен за состојбата во судството, неговата влада направи нула реформи

СДСМ: Мицкоски зборува за мачнина од судството, а не почна ниту направи ниедна реформа

После локалните избори, треба една сериозна робусна акција да се направи во судството и обвинителството, вели Мицкоски

Горан Наумовски