Најмалку 14 жртви на поплавите во Обреновац

Од:

 Српскиот премиер Александар Вучиќ денеска соопшти дека во градот Обреновац досега биле пронајдени телата на 14 жртви на поплавите.

Тој на владината седница истакна дека најверојатно половина од жртвите се удавиле во надојдените води.

– Резултатите од обдукцијата јасно ќе покажат за причините за смртта на секое лице, нагласи Вучиќ.

Српскиот премиер додаде дека размерите на катастрофата која ја погоди Србија се десетпати поголеми отколку во останатите земји од регионот, но се надева дека тоа нема да се види и по бројот на жртвите.

Тој истакна дека во еден момент постоело верување оти поради временските услови и намалувањето на нивото на водата во реката Сава се гледа крајот на катастрофата, но нагалси дека сепак се уште постои опасност.

Би можело да ве интересира

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

(ВИДЕО) Поплави во Јапонија: Шест лица загинаа, има и исчезнати, градските улици под вода

ВИДЕО: Снимка од детонацијата, уништена гранатата пронајдена во центарот на Белград

Петчлено семејство загина во судир на автомобил и возило на војската на Србија, меѓу жртвите има и три деца

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Расте нивото на Дунав на влезот во Србија, врвот на бранот се очекува в среда

(ВИДЕО) Полска: Водата однесе автомобил со деца, исчезна цел град, настрада познат хирург