Се спасил од поплавите, но не и од унгарските царинарници

Од:

Шеесет и шестгодишниот пензионер Млаѓан Рајиќ кој од Мал Црниќ во сабота бегајќи од поплавите, се обидел да отпатува кај својот син во Виена, почина на граничниот премин Розка, каде што унгарските царинарници го држеле три часа, бидејќи немал доволно пари кај себе.

Рајиќ кој инаку имал проблеми со срцето, околу 19 часот се јавил на својот син и му рекол дека граничарите му го одзеле пасошот и го извеле од патничкиот автобус.

-Ми рече дека го држат во изолирана просторија, од која не може да види ни дури дали автобусот со кој патувал продолжил понатаму, бидејќи му реков дека сакам да разговарам со возачот. Не му дозволиле да излезе надвор и да го провери тоа, а уште помалку да се врати на српската граница, поради што веднаш од Виена тргнав кон него- вели неговиот син Владан.

Обидите на Владан да стапи барем во контакт со унгарски цариник исто така пропаднале, бидејќи тој не сакал да се јави на телефонот повеќе од еден час.

Владан до тогаш комуницирал само со својот татко, кој во меѓувреме од болки и слабост на сите негови прашања започнал да одговара со „добро“ и „студено е “.

-Околу 21 часот го слушнал последен пат. Граничарите дури тогаш започнале да се јавуваат на неговиот телефот, но единствено што му рекле било дека му е „многу лошо“.

-Ги молев да повикаат брза помош, бидејќи татко ми е болен, потсетувајќи ги на состојбата во државата и дека тоа е единствената причина поради која тој сака да пристигне во Виена, бидејќи повеќе нема каде да живее- продолжува Владан.

Кога му станало јасно дека унгарските царинарници немаат намера да му помогнат на Млаѓан, Владан контакрирал со српската амбасада во Унгарија, која на граничниот премин испратила брза помош и преведувач.

За жал, она што лекарите во 22 часот можеле да направат, било само да констатираат дека Млаѓан починал од срцев удар.

Кога по три часа Владан пристигнал на границата, затекнал страотен призор. Во ладна просторија со три клупи, во која по повеќе часа страдања починал неговиот татко, бил оставен потполно гол, прекриен само со мало ќебе.

-Кога го прашав полицаецот кој беше тука зошто не повикале брза помош, ми одговори дека татко ми одбивал, иако преку телефон можев да заклучам дека многу му е лошо. Доколку немаа човечност да му помогнат, можеле барем да го вратат во Србија. Ќе ги тужам сите, за да спречам вакво нешто да се случи повторно, а ќе се обидам да соберам и други луѓе кои имале сличен третман- нагласи Владан.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Првиот човек на Валенсија одбива да поднесе оставка за грешките за време на поплавите

(ВИДЕО) Во Шпанија се затвараат училишта, се евакуираат некои жители по обилните дождови

(ВИДЕО) Драматични сцени од Шпанија: Малага е под вода

Горан Наумовски

Санчез: Времето за политички дискусии за поплавите ќе биде по реконструкцијата

За настраданите од поплавите во Шпанија ќе донираат по 100 евра за секој километар што ќе го претрчаат на теренот

А1он

(ВИДЕО) Невремето од Валенсија се пресели во Барселона, поплавени улици, отежнат сообраќајот на возовите