Медведев: Русија веројатно нема да ги признае претседателските избори во Украина

Од:

Ситуацијата во Украина не овозможува одржување на претседателските избори и затоа малку е веројатно дека  Русија ќе ги признае како легитимни, изјави рускиот премиер Дмитриј Медведев во интервју за телевизијата „Блумберг“.

– За жал ситуацијата во Украина во моментов не е таква за да бидеме сигурни дека изборите ќе минат онака како што треба, нагласи тој и додаде дека изборите „се резултат на антиуставната промена на власта во Киев“.

Како што јави ИТАР-ТАСС, Медведев изрази несогласување со тврдењата дека Русија се обидува да присоедини некои украински региони.

– Во врска со различните хипотези дека Русија би сакала да преземе некои територии, тоа е само пропаганда, дури не сакам ниту да ја коментира, изјави рускиот премиер.

Најдобра гаранција за територијалниот интегритет на Украина, според него, би можел да биде директен дијалог меѓу Киев и сите региони во земјата.

– Санкциите кон Русија нема суштински да и наштетат, воведувањето на ограничувања ќе остане без резултат, истакна Медведев.

– Ниту едно од тие сценарија не е катастрофално за економијата на земјата, иако некои ограничувања суштински можат да бидат болни. Тоа нема да смени ништо, едноставно ќе се смени администрацијата во САД, Обама ќе биде сменет од друг претседател и сите ќе заборават на тие санкции, никој нема да профитира од тоа, додаде тој.

Според него, Русија има план за соодветни мерки, со кои ќе одговори на американските санкции во зависност од развојот на ситуацијата.

– Доколку работите тргнат на лошо и покрај тоа што сме против какви било санкции, природно дека на листата има не само мерки за подобрување на економската ситуација на нашата земја, туку и мерки, кои можат да бидат насочени кон одредени држави, истакна Медведев.

– Политиката на САД кон Русија, вклучувајќи го и воведувањето санкции покажува дека американската администрација ги турка меѓудржавните односи кон нова студена војна. Всушност ние споро, но сигурно се движиме кон втора студена војна, која не е во интерес на никого, изјави рускиот премиер.

Би можело да ве интересира

Пратениците на Левица остварија средба во Собранието со рускиот амбасадор Баздникин

(ВИДЕО) Блиска средба: Ф-16 испратен да пресретне руски Су-35 на Алјаска

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски