ВИДЕО: По апелот за помош од општина Струмица масовен одзив на граѓаните со донации за Србија и Босна

Од:

Во општина Струмица, втор ден трае акцијата за собирање помош за настраданите луѓе од поплавите во Србија и Босна. Во домот на АРМ каде што се наоѓа собирниот пункт, постојано доаѓаат граѓаните и донираат помош во облека, постелнина, средства за лична хигиена и прехранбени производи.

Кирил Парталов, секретар на општина Струмица, која  ја организира собирната хуманитарна акција, рече дека со донациите кои почнаа од вчера во раните утрински часови, струмичани уште еднаш на дело ја потврдија својата хуманост.

pomos_strumica1.jpg

-Граѓаните на општина Струмица,  масовно излегоа и ја дадоа својата помош.  Има и физички и правни лица. Досега излегоа околу петстотини граѓани кои во рамките на своите можности донираа за за настраданите од поплавите. Најголем дел од помошта се состои во храна, облека, постелнина, средства за лична хигиена, а токму и за ваква помош се апелираше до граѓаните. Собраната помош, уште утре преку општинскиот црвен крст ќе биде доставена до граѓаните на кои им е неопходна.

pomos_strumica2.jpg

– Оваа собирна акција која беше во организација на општина Струмица и траеше вчера и денеска ќе продолжи и понатаму, но во рамките на општинскиот црвен крст. Ова значи дека сите оние граѓани кои не успеаа да донираат помош во овие два дена на овој собирен пункт, можат својата помош да ја достават до црвениот крст кој се наоѓа на улицата „Жртви на фашизмот“ во Струмица. Уште еднаш сакам да изразам јавна благодарност до сите граѓани и правни лица кои несебично се вклучија во оваа акција, рече Кирил Парталов, секретар на општина Струмица.

pomos_strumica3.jpg

Во собирната акција, денеска се вклучија и учениците од основните и средните училишта.

Би можело да ве интересира

Почина човек во изгорен стан во зграда во Струмица

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Изборот на Мартин Костовски за кандидат за градоначалник е доказ дека Заев сеуште владее со СДС

Запленети околу 100 килограми марихуана во Струмица, лишени од слобода три лица

АХВ лажела за водата во Струмица, Костадинов најави кривична пријава

Предраг Петровиќ

Невремето предизвика големи штети во струмичко

Во Струмица се урива незаконски поставената урбана опрема и на објекти подигнати на јавни површини

Горан Наумовски