Албанија испрати 50 спасувачи во Србија и во Босна и Херцеговина

Од:

Албанската Влада, во поплавените подрачја во Србија и во Босна и Херцеговина испрати 50 припадници на специјалната полициска единица за брза интервенција од северниот град Скадар, јави дописникот на МИА.

– Посакувам нашите полициски претставници, кои се обучени за спасување да го покажат нивниот карактер, хуманизам и професионализам, да дадат помош и да спасат човечки животи кои се во опасност. Горд сум што ми е дадена честа да ја предводам единицата во акција која има хуманитарен карактер, изјави Петрика Дунга.

Според него првично е договорено единицата да остане десет дена, но доколку е потребно ќе остане и подолго. Во поширокиот регион на Скадар свежо е сеќавање за големите поплави што се случија во почетокот на 2010 година, кога беше предизивкана материјална штета од околу 70 милиони евра.

Би можело да ве интересира

Првиот човек на Валенсија одбива да поднесе оставка за грешките за време на поплавите

(ВИДЕО) Во Шпанија се затвараат училишта, се евакуираат некои жители по обилните дождови

(ВИДЕО) Драматични сцени од Шпанија: Малага е под вода

Горан Наумовски

Санчез: Времето за политички дискусии за поплавите ќе биде по реконструкцијата

За настраданите од поплавите во Шпанија ќе донираат по 100 евра за секој километар што ќе го претрчаат на теренот

А1он

(ВИДЕО) Невремето од Валенсија се пресели во Барселона, поплавени улици, отежнат сообраќајот на возовите