Областа околу Добој во Република Српска е една од најтешко погодените од катастрофалните поплави, кои што ги зафатија Србија и Босна и Херцеговина.
„Алтернативна телевизија“ од Бања Лука објави две драматични видео снимки, на кои што се гледа како пилоти спасуваат жители заробени во водената стихија.
На првата снимка се гледа човек кој беспомошно стои на кровот од својата куќа, додека се околу него е под вода.
Спасувачкиот хеликоптер првин кратко кружеше околу куќата, обидувајќи се да дојде до најдобра позиција, од која што ќе може да му помогне на загрозениот човек.
И на второто видео се гледа куќа во околина на Добој, од чиј што кров спас побара непознат човек. И во овој случај се околу куќата беше целосно под вода, па немаше друг начин за да им се помогне на загрозените. Со исклучителна способност на пилотот, хеликоптерот дојде до самиот кров на куќата и човекот беше пренесен на сигурно.
Е.Г.