(ФОТО) Градот Скопје испрати дополнителна помош за настраданите во Србија

Од:

Градот Скопје доцна синоќа испрати дополнителна помош за настраданите во поплавите што ја погодија Србија. Помошта од Скопје е веќе пристигната во Белград, а тамошните власти ќе ја распоредат според потребите.

– Скопје и скопјани длабоко сочувствуваат со нашите соседи од Србија. Градот Скопје и јас, како градоначалник, сме во постојана комуникација со градоначалникот на Белград, Синиша Мали, од кого добиваме информации каква помош им е најпотребна во моментов. Градот Скопје многу брзо се организира, веќе испративме 50.000 вреќи за песок, како и шлепер со флаширана вода за пиење, а дополнително испративме и едно противпожарно возило опремено со две моќни пумпи за испумпување вода и дополнителна опрема, чамец за спасување, како и екипа од шест пожарникари од Противпожарната бригада на Град Скопје кои ќе се вклучат во извлекување на настраданите. Според моите информации, испратената помош е веќе пристигната во Белград. Во хуманитарната акција учествуваме и преку Црвениот крст на Град Скопје. Се прават и последните подготовки за хуманитарната помош што ќе ја испратиме и за Босна и Херцеговина, за помош во овие досега невидени поплави на овие простори. Сакам да нагласам дека Скопје е град на солидарноста, а неговите сограѓани добро се сеќаваат на помошта што пристигнуваше од сите делови на светот по катастрофалниот скопски земјотрес. Сега нам ни е редот да помогнеме – изјави денеска градоначалникот Коце Трајановски.

Помошта е веќе пристигната во Белград, додека пожарникарите, противпожарното возила, пумпи и чамци се препратени во Обреновац.

Pomos za poplavi vo Srbija (4)

Pomos za poplavi vo Srbija (1)

Pomos za poplavi vo Srbija (3)

Би можело да ве интересира

25-годишен скопјанец силувал 14-годишно девојче

Повикани 13 лица во полиција поради ширење лажни информации за водата во Скопје

Мртва 45-годишна жена е пронајдена во стан во Карпош

ВИДЕО: Десет години од катастрофалната поплава во населените места во општина Гази Баба

Предраг Петровиќ

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Мицкоски: Земјотресот од 1963-та покажа дека обединети можеме да ги надминеме и најголемите предизвици