(ВИДЕО) Дивјак-Томиќ: Импресивна реакцијата на македонскиот народ

Од:

Амбасадорката на Србија во Македонија Душанка Дивјак-Томиќ која беше пристуна на скопскиот плоштад се заблагодари на помошта која се собира за поплавените подрачја.

-Ова е импересивно, македонскиот народ реагираше исклучително, прискокна во помош веднаш по апелот на Србија. Тоа што ни се случи, не го памети никој во Србија, голема површина во Србија е зафатена. Им се заблагодарувам и на Владата и на народот на Македонија. Приоритетно е се, ова ќе биде исклучително вреднувано во Србија и се надевам ќе стигне помошта каде што ќе треба. Ова е почеток, допрва ќе треба уште помош, искрено се надеваме дека помошта ќе продолжи да се упатува во количини во кои македонскиот народ има можност, но и најмала поединечна помош за нас е драгоцена, рече амбасадорката на Србија, Дивјак-Томиќ.

Би можело да ве интересира

Африканската свинска чума пустоши во Србија: Уништени повеќе од 27.000 свињи

Ѕверски ја уби мајка си (69), па повика полиција

А1он

Во филмска акција во Нови Сад уапсен познат криминалец – десетпати и „побегна на смртта“

А1он

Силен земјотрес на југот на Србија

Зголемениот број Руси со српско државјанство претставува безбедносен ризик за ЕУ, предупредува Европската комисија

Катерина Ѓуровски

Захарова: Србија е вовлечена во конфронтација со Русија