• Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
Од: А1он
Македонија

Акција во Охрид за собирање хуманитарна помош за Србија и БиХ

by А1он18/05/2014 - 14:07137
Share0

Градот Охрид, општинската организација на Црвениот крст и Здружението на Србите од градот се вклучуваат во акцијата за собирање хуманитарна помош за настраданите во поплавите во Србија и Босна и Херцеговина насловена како „Охрид со срце за Србија и Босна“.

Добивај вести на вибер

Како што истакна Сашо Точков од Црвениот крст во Охрид, сите хумани граѓани на Охрид донациите во производи и облека ќе можат да ги остават на два главни собирни пункта во градот, како и во неколку маркети во градот.

– Акцијата ќе се состои во сбориање средства што во консултација со Црвениот крст на Србија се најопходни во овој момент, како средства за лична хигиена, прехранбени производи, исклучиво конзервирана и трајна храна, храна за бебиња, вода, нова облека, ќебиња, облека и обувки, истакна Точков.

Градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески упати апел до сите граѓани масовно да се вклучат во акцијата, да ја покажат својата солидарност до братските народи на Србија и на БиХ и зависно можностите да донираат, дали облека, прехранбени производи или материјални средства преку жиро-сметка или телефонски линии.

За таа цел утре ќе одржат седници комисиите на Советот на Охрид, на кои ќе се определи материјалната помош за помош во настраданите подрачја во Србија и Босна и Херцеговина. Општина Охрид ќе даде секаква логистичка поддршка за реализација на хуманитарната активност, истакна Бакрачаески.

Собирните пунктови ќе бидат отворени секој ден во периодот од 10 до 18 часот, каде помошта ќе биде селектирана и испраќана за настраданите подрачја.

Граѓаните на Охрид помошта ќе можат да ја донираат и преку телефонски линии, на бројот 143-300, за сите мобилни оператори.

ohrid

Би можело да ве интересира

Уште се поплавени домови, дворови, имоти, евакуираните во Кичево и натаму се во спортската сала

Катерина Ѓуровски12/01/2026 - 09:2512/01/2026 - 15:02

ВИДЕО: Излеани реки, поплавени населби, одрони – дождот направи проблеми

Катерина Ѓуровски09/01/2026 - 09:3309/01/2026 - 12:33

ЦУК: Од обилните врнежи има поплавени куќи во Охрид и Кичево, евакуирани се 100 лица

Горан Наумовски08/01/2026 - 09:56

Земјотрес во Охрид и околината со интензитет од четири степени според Европската макросеизмичка скала

Катерина Ѓуровски30/12/2025 - 08:09

Земјотрес во Охрид

Предраг Петровиќ27/12/2025 - 09:53

Нормализиран е сообраќајот на патот Охрид – Св. Наум

Горан Наумовски14/12/2025 - 11:24
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен