ФОТО: На Белград му се заканува Сава, потребна помош за ТЕ „Костолац Б“

Од:

Во Белград луѓето започнаа спонтано да се собираат на кејот, затоа што се заканува излевање на реката Сава.

Како што пренесуваат српските медиуми голем број граѓани полнат вреќи песок и ги поставуваат на потегот од Небојшина кула до Топчидер, а нивото на загрозеност пред се зависи од нивото на водата на Сава.

10396539_10203858970860610_1540977773_n

-Не можеме точно да прогнозираме колку ќе се зголеми нивото на Сава во градот и дали Белград ќе биде загрозен. Повеќе за тоа ќе знаеме утре, па ќе работиме врз основа на тие податоци-изјави Сања Вуксановиќ Жугиќ од Секторот за вонредни состојби од српското МВР.

10356673_10203858970820609_1437251459_n

Таа додаде дека нивото на Сава делумно зависи и од поплавите во Хрватска. Итно потребни луѓе за одбрана на електраната „Костолац Б“ Реката Млава ги проби насипите кај Братинац, Маруљевац и Брадарац, поради што итно се потребни луѓе за одбрана на Копот „Дрмно“ и ТЕ „Костолац Б“.

Според последните информации состојбата за одбрана од поплава од реката Млава се влошила во последните шест часа.

Е.Г.

Би можело да ве интересира

Првиот човек на Валенсија одбива да поднесе оставка за грешките за време на поплавите

(ВИДЕО) Во Шпанија се затвараат училишта, се евакуираат некои жители по обилните дождови

(ВИДЕО) Драматични сцени од Шпанија: Малага е под вода

Горан Наумовски

Санчез: Времето за политички дискусии за поплавите ќе биде по реконструкцијата

За настраданите од поплавите во Шпанија ќе донираат по 100 евра за секој километар што ќе го претрчаат на теренот

А1он

(ВИДЕО) Невремето од Валенсија се пресели во Барселона, поплавени улици, отежнат сообраќајот на возовите