Општина Карпош која е збратимена со три општини од Република Србија – Сремски Карловци, Нови Београд и Врњачка Бања, ќе испрати помош за справување со поплавите што ја зафатија соседната земја.
– Одлучивме да испратиме екипа од 15 членови, обучени за спасување на вода, со два чамци за спасување, пумпи за испумпување вода, појаси за спасување и друго. И екипата и целата спасувачка опрема ѝ се ставаат на располагање на Владата на Република Македонија, односно тие ќе бидат дел од конвојот на Владата кој ќе се упати кон подрачјата на Република Србија кои настрадаа од поплави – вели градоначалникот на Карпош, Стевчо Јакимовски.