Стартува кошаркарскиот плеј оф

Од:

Со двата натпревара од полуфиналето стартува кошаркарскиот плеј оф во борба за шампионската титула во Македонија.

Двата натпревара се играат во Скопје. Првакот и екипата која со максимални 10 победи се избори за плеј офот МЗТ Скопје Аеродром важи за фаворит против тимот на Лирија. Овие две екипи играа и во финалето на Купот на Македонија, каде победија „металците“.

Во второто полуфинале меѓу Работнички и Кожув се очекува поголема борба. Повеќекратниот првак на Македонија, Работнички ја има предноста првиот натпревар и евентуалната мајсторка да ја игра на домашен терен.

Натпреварот МЗТ Скопје Аеродром – Лирија се игра во СЦ „Борис Трајковски“ со почеток во 19:30 часот, додека 30 минути порано стартува дуелот во салата „Градски парк“ меѓу Работнички и Кожув.

Полуфиналната серија се игра во два добиени натпревара.

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос