Ќе има ли ДПМНЕ нов координатор во Советот на Општина Охрид?!

Од:

А1ОН неофицијално од високи извори во партијата дознава дека прекинот на денешната седница на Советот на Општина Охрид не бил заради верификација на новиот мандат од опозицијата, по одземањето на мандатот на Тунтев, туку причината била некоординираноста во партијата за точката околу паркинзите.

Дел од советниците на ВМРО – ДПМНЕ држејќи се за принципиелните ставови околу темата „паркинзи“, не сакале да дадат согласност на одлуката, а партијата без нив не можела да собере мнозинство. Желбата на поединци да поминат некои точки за кои нема политички став, довела до расправа внатре во партијата. Попладнево, итно на состанок било свикано највисокиот врв на партијата на општинско ниво.

Како резултат на принципиелните ставови на поединци во партијата можно е да дојде до промена на координаторот на советничката група на ВМРО – ДПМНЕ во Советот на Општина Охрид.

Општина Охрид ќе бара партнер преку јавно – приватно партнерство со кое планира да воведе нов систем на наплата на јавните паркинг простори во Охрид. ВМРО – ДПМНЕ во минатите години додека беше во опозиција жестоко го критикуваше издавањето на паркинзите под концесија и тоа беше една од главните поенти со кои ги доби локалните избори во Охрид.

Ф.Ј.

Би можело да ве интересира

Уапсен е охриѓанец – впери пиштол кон скопјанец поради паркинг место

А1он

Муцунски: Нема компромис со дивоградбите, и во Охрид и низ целата држава

Горан Наумовски

УНЕСКО му даде нова шанса на Охрид: Пет години за исполнување на препораките

Бунтот се шири во Струга, фактури од ЗАМП доаѓаат за ист апартман до повеќе членови на семејство

(ВИДЕО) Шајн: Пецаков и ВМРО го загрозија статусот на Охрид, УНЕСКО алармира на пропустите

Пожар во Охрид, огнот се шири кон куќите

Горан Наумовски