Како што пренесува српски „Блиц“ цел Обреновац е под вода, а се заканува опасност да се урне и Колубарскиот мост на влезот на градот.
Стотици граѓани веќе се евакуирани, а на спасувачите им помагаат и руски доброволци, кои со хеликоптер стигнале од Ниш во Белград.
-Во Обреновац ситуацијата е катаклизмична, а целосната состојба предизвикана од поплавите во Србија е многу полоша, отколку што мислевме-истакна премиерот на Србија, Александар Вучиќ.
Е.Г.