Состојбата во Обреновац алармантна, Вучиќ бара чамци и хеликоптери

Од:

Во Обреновац ситуацијата е катаклизмична, а целосната состојба, која што е предизвикана од поплавите во Србија е многу полоша, отколку што мислевме, изјави премиерот на Србија, Александар Вучиќ на седницата на Штабот за вонредни состојби.

Тој додаде дека по секоја цена мора да го одбранат Шабац и побара помош од светот.

-Имаме жртви во Обреновац, за кои нема да зборуваме додека не добиеме прецизни информации. Ги молиме граѓани да разберат колку е тешка состојбата и не можеме да емитуваме снимки, затоа што е забрането да се снима-рече тој и повторно ја повика ЕУ и сите кои што сакаат да им помогнат да испратат помош, пред се чамци и хеликоптери.

Српскиот премиер повика и илјадници храбри лица доброволно да се пријават и да помагаат во одбрана на Шабац, каде што ќе бидат применети воени мерки, со цел водата да се префрли на друга страна. Поголем дел од Србија може да остане без струја, доколку нивото на водата се зголеми за 30 сантиметри.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Македонски автобус заглави во снегот во Србија, се излизга и удри во банкина

Катерина Ѓуровски

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

11 уапсени за трагедијата во Нови Сад, приведен и Горан Весиќ

Катерина Ѓуровски

Во Србија уапсен двојниот убиец од Црна Гора: „Фатен е на спиење“

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Во Србија снегот направи големи проблеми: „Прст пред око не се гледа“

(ВИДЕО) Опозицијата го блокираше судот во Нови Сад: кошкање и туркање со полицијата

Катерина Ѓуровски