Најмалку осум загинати во двоен бомбашки напад во Најроби

Од:

Најмалку осум лица загинаа, а 70 се повредени денеска при две експлозии во центарот на кенискиот главен град Најроби.

Првата експлозија се случила на пазар во близина на центарот на градот, а втората во минибус. Засега не е познато кој ги извршил нападите.

Кениската телевизија објави дека во првиот напад бомба била фрлена во продавница на пазарот, а во вториот експлозивна направа била фрлена врз еден локален минибус.

Од болницата „Кенијата“ во Најроби, каде биле пренесени повредените, итно се бараат дарители на крв.

Неколку западни земји ги предупредија своите граѓани да не патуваат во Кенија поради честите напади и постојаната терористичка закана. Велика Британија започна да евакуира туристи од оваа држава, што предизвика протести од страна на властите во Најроби.

– Тероризмот не е зло кое се појави во Кенија. Тероризмот е глобален феномен, изјави кенискиот претседател Ухуру Кенијата.

Би можело да ве интересира

Кенија: Масовни демонстрации во Најроби, запален дел од парламентот

Во Кенија се судрија патнички авион и авион за обука, има загинати

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема експлозија во Кенија, двајца мртви и над 220 повредени

Стотици мртви и исчезнати во Кенија: Се изгладнувале до смрт за да го видат Исус

Ана Ололовска

Страшно откритие во Кенија: На пронајдените тела им недостасуваат органи, повеќето од загинатите се деца

Откопани 110 членови на кенискиот култ за гладување: „Прво требаше да умрат децата“