Поплави и во Хрватска

Од:

Речиси цела Хрватска се бори со последиците од невремето и поројните дождови.

Најдраматична е ситуацијата во Славонија и Посавина каде реките се излеаја од коритата и поплавија голем број куќи, а во дел од државата е прогласена елементарна непогода.

Во Посавина за изминатите 24 часа наврнаа повеќе од сто литри дожд на метар кврадратен.

Тешка е ситуацијата и во Осиечко-барањската и Вуковарско-сремската жупанија каде е прогласена елементарна непогода.

И Загреб ноќеска беше зафатен од невреме во кое беа искшени стебла од дрвја и беа урнати покриви од куќи.

Би можело да ве интересира

Бомба тешка 250 килограми е пронајдена кај Нова Градишка

ВИДЕО: Невреме го потопи Сплит

Земјотрес од 4,4 степени во Босна, почуствуван и во Хрватска

На српско-хрватската граница повторно уапсен актерот Сергеј Трифуновиќ

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Невреме во Хрватска, се излеа Сава кај Загреб

Стигна студениот бран во Словенија и Хрватска, падна и снег