Путин: Русија е отворена за преговори за гас со Украина

Од:

Рускиот претседател, Владимир Путин, изјави дека државата се уште е подготвена за преговори со Украина во врска со долгот за гас и ја обвини Европската унија дека не дала конкретни предлози, со цел да се спречи прекин на достава на гасот од идниот месец.

Во отворено писмо до европските лидери, Путин го повика Брисел, поактивно да се ангажира во пронаоѓање начин за стабилизација на кризата, која што ја погоди украинската економија, пренесе „Франс прес“.

-За жал не добивме никакви конкретни предлози од нашите партнери, со цел да се стабилизира состојбата – рече Путин, наведувајќи дека Русија била принудена да се закани со прекин на испорака на гас од 3 јуни и да премине на принцип плаќање однапред, поради украинскиот долг од 3, 5 милијарди долари.

Украина наведе дека ќе започне да го отплаќа долгот кон Русија, доколку Москва ги врати попустите кои и ги одзеде.

Речиси 15 проценти од гасот кој што го употребува ЕУ доаѓа од Русија, преку Украина, поради што Брисел е загрижен дека затегањето на славините за Украина, би можело да ја загрози доставата на гасот до Европа, како што беше случај во тек на претходните несогласувања помеѓу Москва и Киев.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Пратениците на Левица остварија средба во Собранието со рускиот амбасадор Баздникин

(ВИДЕО) Блиска средба: Ф-16 испратен да пресретне руски Су-35 на Алјаска

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски