ЕБОР инвестира 700 милиони евра на Кипар во следните пет години

Од:

Инвестиции во вредност од 700 милиони евра се очекува да пристигнат во Кипар од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) во следните пет години, пишува весникот „Филелефтерос“.

Банката ја зголеми довербата кон кипарската економија, откако го вклучи средоземноморскиот остров во групата на земји со приоритет на финансирање. Во брзо време банката ќе почне со скенирање на секторите, во кои би можело да бидат направени инвестициите.

Се очекува финансирањето да го опфати банкарскиот сектор, приватизацијата, малите и средни претпријатија и енергетиката. Деталите од петгодишната инвестициска програма ќе бидат прецизирани откако ќе почне со работа канцеларија на ЕБОР во Никозија.

Кипарскиот министер за финансии одлуката на банката ја оцени како историска, бидејќи таа најавува финансирање на приватниот сектор, но и инвестиции во важни сектрои на кипарската економија.

Би можело да ве интересира

Познат првиот натпреварувач на Евровизија идната година : Тео Еван ќе го претставува Кипар во Базел

Предраг Петровиќ

Кипар испраќа два авиона за справување со пожарите во Свети Николе и Чашка

Потпишан договор за заем меѓу ЕБОР и АД МЕПСО за зајакнување на преносната мрежа

Ердоган: Турција е подготвена да изгради воена база на Кипар, доколку е потребно

Ердоган: За Кипар не е можно федерално решение

Претседателот на Кипар: Нема друга опција освен обединување на островот