Боемсиот стил од секогаш бил синоним за удобност, креативност и јаки бои, но покрај тоа тој е многу популарен и затоа што со својот сјај и шаренило може да се вклопи во различни средини.
Во боемскиот стил нема ограничувања и правила и апсолутно се е дозволено.
Ваквите карактеристики важат и при декорирањето на терасите во боемески стил, што ги прави едноставни и модерни.
При декорирањето во боемски стил може да се направи концепт каков што сакаат домаќините и тој да вклучува многу елемнети – шарено платно за мебелот, марокански лампи, зелени растенија, столици од трска, кристални украси, шарени теписи, меки перници, бакарни садови, свеќници…
Дозволени се дезени на материјалот во разни бои и со интересни декорации, кои создаваат хармонична и топла атмосфера.