Цените во земјоделството минатиот месец се намалени за 4,5 отсто кај инпутот и за 7,7 отсто кај аутпутот во однос на април лани.
Според податоците на Државниот завод за статистика, во делот инпут цените за тековно потрошени средства во земјоделството се намелени за 4,7 отсто, а цените за средства наменети за инвестиции во земјоделството за 0,5 отсто.
Во делот аутпут, цените на растителното производство се намалени за 10,7 отсто, додека цените на добиточното производство пораснале за 1,2 отсто.