Француската држава потпиша декрет за „економски патриотизам“ за стратегиските индустрии

Од:

Државата ќе може „да го каже својот збор во стратегиските индустриски сектори“, се објаснува од француската влада за да се оправда декретот со кој се стекнува со право на вето при купо-продажбата на претпријатија во пет индустриски сектори кои се сметаат за чувствителни, јавува дописникот на МИА од Париз.

„Владата смета дека државата треба да го каже својот збор кога во влог се ставени стратегиските сектори“ – се вели од круговите блиски на премиерот Мануел Валс, кој заедно со министерот за економија Арно Монтебург го потпишаа декретот.

Одредбите од декретот ги прошируваат постоечките одреби од 2005 година во пет нови сектори, кои се сметаат за стратегиски: енергијата, транспортот, водата, телекомот и здравјето. Досега тие одредби се однесуваа на веоно-одбранбениот сектор, информатичката технологија и игрите со пари.

Носењето на декретот се совпадна со намерата на американската компанија Џенерал Електрик да купи дел од француската Алстом, додека со иста намера е и германската Сиеменс, досие во кое француската држава сака да влијае.

„Донесовме одредби кои постојат веќе во други држави, како Германија, Италија, Шпанија, па дури и во САД. Се разбира Франција останува отворена за странските инвестиции, но во чувствителните случаи, држава треба да го каже својот збор и случајот со Алстом не доведе да станеме свесни за потребата од вакви одредби“, се објаснува од француската влада.

Француската влада дообјаснува дека не станува за збор за забрана, туку одобрување кое може да биде дадено за една странска фирма кога сака да преземe француска, под извесни услови, односно почитувања на обврски.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата

Уапсен сопственикот на Телеграм