Шест врвни вински сомелијери во посета на македонските винарии

Од:

Шест вински сомелијери, претставници на најрелевантниот вински магазин „Декантер“ за Централна и Југоисточна Европа, ги посетија македонските винарници.

Ангела Мур, позната како Master of Wine, Стефан Брук, Стивен Спуриер, Џулија Хардинг, Каролин Гилби и Џејмс Буд ги посетуваа македонските винарии и ги дегустираа нивните вина. За секое од дегустираните вина, престижните вински критичари и сомелијери ќе подготват осврт што се користи од дистрибутерите и сопствениците на ресторани во набавката на вина од конкретен вински регион.

Првата ваква посета, организирана од Асоцијацијата „Вина од Македонија“, а финансиски овозможена од страна на сите винарии кои беа посетени, се очекува да овозможи промоција и популарност, а со тоа и подобар пласман на македонските вина на странските пазари.

Завршната дегустаторска вечер се одржа во Винарија Стоби.

– Посетата на сомелијерите на Декантер е од исклучително значење за промоција на македонските вина. Пред се тоа е уважување на македонскиот вински регион и истакнување на потенцијалите што ги имаат нашите вина. Од критиките што ќе ги дадат за нашите вина во голема мера зависи влезот на извесен пазар и третманот што виното го добива од рестораните, хотелите, па дури и крајниот потрошувач затоа што вистинските уживатели на вино ги следат објавите на Декантер, изјави Дане Јованов, директор од Винарија Стоби.

Винскиот магазин, Декантер е најрелевантен медиум со неспорно влијание врз креирање на мислењето за квалитетот, карактеристиките на винските региони, како и вината што ги продуцираат. Седиштето на Декантер е во Лондон, со што влијанието на овој магазин е огромно посебно на овој пазар, кој е еден од најпрестижните. Воедно е организатор на едно од најзначајните натпреварувања и оценувања на вино во светот.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Регионалната иницијатива „Отворен Балкан“ е платформа за поврзување на регионот со светот

На македонската вечер организирана од Владата ќе се претстават над 300 винарии и македонски специјалитети

Франција: Полицијата ги разоткри продавачите на лажни премиум вина

Благодарение на СДСМ цените на грозјето се покачуваат гарантирано за 25 отсто, велат од партијата

МЗШВ: Производната цена на килограм „смедеревка“ 18,3 денари, а на „вранецот“ 20,8

МЗШВ: Собранието го донесе новиот закон за вино, лозарите добиваат гарантирана откупна цена на винското грозје