Борис Лаловац избран за нов министер за финансии на Хрватска

Од:

Хрватскиот сабор денеска го потврди именувањето на Борис Лаловац за нов министер за финансии на Хрватска, на местото на Славко Линиќ, кој беше сменет од функцијата поради обвиненија за корупција.

Лаловац досега ја извршуваше функцијата заменик-министер за финансии.

Хрватскиот премиер Зоран Милановиќ го смени од должност Линиќ на 6 мај поради обвинение дека го оштетил државниот буџет за 3,5 милиони евра.

Премиерот истакна дека ваквата одлука била донесена уште пред два месеца, кога директорката на даночната управа предупредила за неколку сомнителни предбанкротни договори на Линиќ.

Би можело да ве интересира

Бомба тешка 250 килограми е пронајдена кај Нова Градишка

ВИДЕО: Невреме го потопи Сплит

Земјотрес од 4,4 степени во Босна, почуствуван и во Хрватска

На српско-хрватската граница повторно уапсен актерот Сергеј Трифуновиќ

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Невреме во Хрватска, се излеа Сава кај Загреб

Стигна студениот бран во Словенија и Хрватска, падна и снег