Русија им забранува на Американците да ја користат Меѓународната вселенска станица!

Од:

Русија ќе им забрани на Соединетите Американски Држави да ги користат нејзините ракетни мотори за лансирање воени сателити и ќе го отфрли барањето на САД да продолжат да ја користат Меѓународната вселенска станица по 2020. година, соопшти денеска рускиот заменик премиер Димитриј Рогозин.

Оваа одлука на Русија, е одговор на санкциите за опрема со висока технологија, кои Вашингтон ги воведе кон Москва поради украинската криза.

Русија претходно најави дека ќе одговори со свои мерки, откако САД минатиот месец соопштија дека ќе ги одбијат лиценците за извоз на сите високотехнолошки средства, кои би можеле да им бидат од помош на руската војска.

Мерките кои ќе ги преземе Москва ќе се однесуваат на моторите од типот МК-33 и РД-180, со кои Русија ги снабдува САД.

Би можело да ве интересира

Руските космонаути со нов рекорд во вселената

Предраг Петровиќ

Важно откритие на научниците: Пронајден доказ за постоење на вода на Марс, сместена длабоко во кората

Блумберг: Америка тврди дека Русија ќе испрати нуклеарно оружје во вселената оваа година

Не сме сами: се појавуваат докази за живот во вселената

Предраг Петровиќ

Астронаутите инсталираа нови соларни панели на ISS

Ана Ололовска

Најголемата вселенска експлозија: Научниците никогаш не биле сведоци на нешто од вакви размери

Предраг Петровиќ