Најголем губитник од санкциите кон Русија? – „Виза“

Од:

Постои широко распространето мнение дека санкциите против Русија се подобри за САД отколку за Европа, затоа штo американските компании  имаат помали загуби во бизнисите. Само, втората страна на таквата ситuација е невистина, или барем се додека Европската Унија не почне да ја казнува руската економија.

Двете американски компании Visa и Mastercard први ќе го почувствуваат ефектот на бумеранг од санкциите. Загубите ќе им бидат повисоки од првите удари кои ќе го снајдат рускиот финансиски систем од американските санкции – без истекување на капитал предизвикано од стравот од можните идни снакции.

Во понеделникот, рускиот претседател Владимир Путин потпиша дополнувања во законот за национален платежен систем, заради кои Виза и Мастеркард неодамна ги предупредија инвеститорите во своите отчети за финансиските резултати. Новиот закон во целост ги поткопува бизнис и технолошките модели кои ги користат Виза и Мастеркард во Русија, каде тие компании обработуваат скоро 90 проценти од сите операции со картички.

Ако Виза и Мастеркард сакаат да продолжат да работат на рускиот пазар, ќе треба да си ги сносат и давачките за своите операции на руска територија. Тој закон за кој се тврди дека е магливо формулиран, ги задолжува тие да ја отстапат „контролата“ на своите операции на операциите на Руската централна банка, или на други руски организации, затоа што во спротивен случај ќе треба да внесуваат дополнитена гаранција на влоговите во централната банка, чиј размер е обемот на извршените дводневни операции по обработка на транскациите. А да, и освен тоа, ќе бидат казнети со до 10 проценти по дополнителната гаранција на ден ако еднострано ги сопрат услугите за која и да е банка.

Последново е строг одговор за американските санкции против четири руски банки, кои се сопственост на пријатели на претседателот Владимир Путин. Најголемата од нив – Банка Росија – е на 16-то место во земјата по однос на активите. Според обемот на операции на големо, санкционираните банки се вистински џуџиња; СМП банката е едвај на 30-то место со приватни депозити, а останатите имаат дури и помала клиентска база. Кога САД ги воведоа санкциите против сопстениците на тие банки, клиентите се исплашија од нивен крах: Банка Росија во март загуби пет проценти од своите приватни депозити; а СМП 13 проценти, иако санкциите против тие банки беа воведени во април. Засегнатите разбрале кон каде дуваат ветровите. Во текот на април очигледно имало истекување на уште капитали, но за тој месец засега не се објавени податоци.

При сето тоа, за рускиот финансиски систем и за нејзните опслужувачки платежни американски системи, проблемите на четирите банки беа нешто како едвај забележливо случување. Виза и Мастеркард објавија дека делот на тие банки, пред да бидат исклучени од платежниот систем, бил помал од еден процент од обемот на нивите операции во Русија.

Се разбира, руските законодавци се наклонија кон страната на осветата кога ги разработувале соодветните мерки. Освен тоа, тие во основа имале практични образложенија дека некој ќе треба да ги обработува внатрешните плаќања, токму ако САД со санкциите нанесат удар на сиот руски банкарски систем. Затоа законот, кој беше потпишан од Путин, предвидува да биде создаден национален систем за обработка на банкарските картички, кој ќе биде управуван од централната банка – техничка задача која веројатно е можно да биде решена до крајот на 2014 година. Некои руски оператори веќе разработија значителен дел од неопходното програмско осигурување.

Виза и Мастеркард треба да решат дали да останат во играта конкурирајќи му на националниот систем, или просто да склучат со него определни договори по обработката на трансгранични операции, како што го прават тоа во Кина, каде локалниот платежен систем ЈунионПеј е монопол на внатрешниот пазар, или пак во Франција каде функционира системот Карт Банкаре.

Исполнителниот потпретседател на Виза по прашањето на корпоративната стратегија, Вилијам Шијди, неодамна по телеконференција изјави дека „рускиот пазар е огромен бизнис за нас, откако земјата се развива побрзо отколку било која друг држава, и каде работиме по шемата на глобална франшиза“.

По силата на новиот закон, всушност расходите за продолжување на вршење на услугите во целосен обем ги надминуваат приходите. Според податоци на Руската централна банка, обемот на операции со платежните картички во Русија во текот на четвртото тримесечје од 2013 година достигнал 7,3 трилиони рубљи (или 204 милијарди долари). Ако двете американски компании обработувале 90 проценти од тој обем, тоест околу 2 милијарди долари на ден, тоа значи дека двете треба заедно како гаранција да внесат 4 милијарди долари. Нивните севкупни приходи во Русија во текот на 2013 година се 0,1 проценти од обемот на операции, и би требало да биде скоро 724 милиони долари, иако за тоа нема голема веројатна оптимистичка оценка: Мастеркард посочува дека на Русија отпаѓаат два проценти од нејзините севкуни приходи, а тоа се само 167 милиони долари.

Освен тоа, ќе треба да има казни за отказ или заради претстанување со давање услуги – стапка која тие компании ќе бидат должни да ја исполнат во содејство со американското законодавство, кога санкците ќе почнат да делуваат.

Компаниите кои се специјализирани за плаќање со картички водат разговори со руската централна банка обидувајќи се да добијат објаснувања какви варијатни постојат за тоа. „Многу ќе зависи од дијалогот со Централната банка на Русија, која ќе ги определи правилата и процедурите за практични спроведување на новиот закон“, изјави на 1. мај по телеконференција генералниот директор на Мастеркард, Анджеј Банга. „Што е надворешно, а што е внатрешено, како да станеме повнатрешни и дали клириншките пребивања ќе не направат повнатрешни? Дали пак нешто друго ќе не направи повнатрешни? Не е јасно“.

Генералниот директор на платежниот систем Виза, Чарли Шарф, не може да поверува дека Русија ќе стигне до таму да ги истера американските оператори. „Ако само за секунда се фокусирате на дејноста, ќе видите дека денес во Русија имаме 100 милиони картички“, коментираше тој пред аналитичари. „И нема да биде во ничиј интерес, вклучително и за Русија, овие картички да станат невалидни за сопствените граѓани на земјата. Затоа ние се надеваме дека со развојот на ситуацијата, луѓето ќе сфатат како стојат нештата“.

Инаку Русија изгледа дека се помирила со загубата на Виза и Мастеркард како оператори по обработка на внатрешните плаќања, ако сметаат дека расходите поврзани со зачувувањето на тој бизнис по силата на новиот закон се претерано големи. Не е исклучено овие комании во скоро време да можат да обработуваат само трансгранични плаќања на руските сопственици на картички. Банга потенцира дека голем дел од руските приходи на компанијата доаѓаат од внатрешните плаќања.

Во краен случај, двете големи американски компании можат да загубат огромен пазар. Ќе има големи загуби и за руските даночни обврзници, на кои ќе им се наложи да плаќаат за создавањето на националниот платежен систем, како и големи непријатности за руските банки и за нивните клиенти. При сето ова, тие расходи ќе бидат еднократни и во подалечна перспектива националниот платежен систем може да стане многу доходовно претпријатие. Кинескиот пример им дава инспирација на советниците на Путин. ЈунионПеј, чии картички денес се прифаќаат во 135 држави низ светот, во моментов е поголем од Мастеркард, а по обем на операциите оваа компанија е втора по Виза.

Владата на САД ќе треба длабоко да размисли за ефектите од санкциите, толку внимателно како што го прават тоа европските држави. Засега изгледа дека Виза и Мастеркард губат повеќе отколку што Украина има корист од сета оваа ситуација.

Блумберг – Њујорк

Би можело да ве интересира

Пратениците на Левица остварија средба во Собранието со рускиот амбасадор Баздникин

(ВИДЕО) Блиска средба: Ф-16 испратен да пресретне руски Су-35 на Алјаска

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски