Претседателот кој Украинците ќе го изберат на изборите на 25 мај нема да биде во целост легитимен, изјави денска претседателот на Долниот дом на рускиот Парламент, Сергеј Наришкин.
– Актуелниот украински режим го сметаме за нелегитимен, изјави Наришкин за ТВ Русија-24.
– Секако легитимитетот на режимот или претседателот, кој ќе биде избран на 25 мај, ако тие избори воопшто се одржат, нема да биде целосен, изјави Наришкин.
Тој вели дека украинската криза отишла предалеку.
– Сепак и понатаму постојат шанси кризата да биде намалена и ескалацијата на конфликтот да биде спречена, додаде тој.