Талат Џафери бие „битка“ за Гинис

Од:

Французинот Луиз Колет во Гинисовата книга на рекорди е запишан, како човек  кој држел најдолг говор.

Говорел 5 дена и 4 ноќи, или вкупно 124 часа.

Од политичарите не пишува кој е рекордер, но се споменуваат  Енвер Хоџа, Фидел Кастро.

Ама дека и ние не се даваме, и тоа го потврдува „маратонецот“ Талат Џафери.

Точно 8 и пол  часа, но до сега,  во обид да се блокира носењето на Законот за бранителите, Талат Џафери, го прераскажа буквално од збор до збор, од член до член,  Уставот, потоа Рамковниот договор, и тоа внимавајќи сите членови да се однесуваат на правата на албанците.

Вчера седеше , а денеска стоеше, и во ниеден момент не покажа дека се заморил, дури и од хумани причини , беше дадена пауза за да се пододморат другите пратеници.

И чевлите му беа удобни , но и документите му се погодија за долго елаборирање.

Седницата е прекината, а пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Веле Георгиевски, побара утре, петок , да не работат, требале согласно деловникот да се среќаваат со граѓаните.

В понеделник Талат Џафери,продолжува,  „вооружан“, со нови документи, на пример, се уште не го „чепна“, Деловникот, Законот за Собрание, или како што во шега вели сопартиецот Џеват  Адеми, за правата говорат и Библијата и Куранот.

Неизвесно е уште колку денови ќе говори Џафери, па на ред се Ермира Мехмети, и другите пратеници од ДУИ, сега веќе извесно со маратонски говори да го спречат носењето на  Законот за бранители.

По Комисијата за труд и социјална политика, за законот, треба да се изјасни и Законодавно-правната комисија, па потоа да оди на пленарна седница.

ДУИ на предлагачите ВМРО-ДПМНЕ им нудат две алтернативи, или да го надополнат предлогот со одредби со кои ќе се регулираат правата и на припадниците на ОНА, или да го повлечат законот.

ВМРО-ДПМНЕ, не се откажуваат, и не реагираат, барем засега, на ораторските вештини на коалициските партнери од ДУИ.

Кaтерина Цаневска Арсовска

.

Би можело да ве интересира

Не е точно дека пратениците имаат приватно здравствено осигурување, реагира Собранието

Повторно даден еден час пауза, собраниската седница за пратенички прашања треба да продолжи во 17:10 часот

Собранието ги усвои двата закони за заеми кај Светската банка

Опозициските пратеници ја напуштија седницата за реконструкција на Владата, Гаши даде нова едночасовна пауза

Собранието ќе избира нови членови на Владата

А1он

Гаши: Координаторите да најдат заедничко решение за изборните реформи