Врнежите ја оддолжија пролетната сеидба

Од:

Пролетната сеидба доцни, а тоа ќе се одрази врз развојот на културите. Поради врнежите што ја зафатија Македонија, велат агрометеоролозите, идеални се условите за појава на болести и штетници.

– Не ни требаа овие врнежи, ни требаше сув период. Пченка и сончоглед се малку посеани. Висока е влагата за орање, се префрлаат цели пластови, што не е добро. Моментните услови, влажноста и темепратурите, се особено погодни за развој на болести. Земјоделците да преземат мерки за заштита, изјави Ангелко Ангелески, агрометеоролог од Управата за хидрометеоролошки работ (УХМР).

Според него, и натаму пчелите се најзагрозени. Багремот интензивно цвета, исто и доцните сорти јаболка, но заладувањето и врнежите не дозволуваат пчелите да излезат од кошчниките по храна.

Врнежите се позитивни за есенските посеви, овошките и лозјата, зашто сега веќе има оптимална влага во почвата.

Би можело да ве интересира

Земјоделците од штипските села се жалат дека немаат вода за наводнување на културите

Трипуновски: Љупчо Николовски доделил 2.5 милиони евра надвор од процедура

A1on

МЗШВ: Усвоена Интервентната програма за поддршка во земјоделството за 2024 година

Македонското земјоделство ги доби првите сертифицирани советници

Николовски: 2024-та ќе биде година на нови предизвици, продолжуваме со силна реформска земјоделска политика

Николовски од Делчево: Ги повикувам сите земјоделци навремно да аплицираат, остварувајќи го правото на дополнителите директни плаќања за полјоделски култури, градинарски култури, овошни и лозови насади