Во кинескиот град Шангај е дизајниран еден модерен и софистициран „пентхас“, кој на неговите сопственици им нуди услови за удобен и безбрижен начин на живот.
Во станот доминира сината боја, чии нијанси совршено се вклопени во дневната соба со висок таван и во останатите делови од апартманот.
Дизајнот оддава впечаток дека целиот стан е склопен околу централните спирални скали кои водат кон спалните соби.
Покрај дневната соба, на првиот кат се наоѓа и просторија која претставува трпезаријата и кујна во едно и на чиј ѕид е монтиран вински бар од стакло. Луксузот и дизјанот на целиот стан не ги одминува на бањите.
Со доминантните нијанси на сино, целиот „пентхаус“ претставува комбинација на модерното и класичното и оддава впечаток на елеганција и современост.
Главна улога во создавањето на целокупниот животен амбиент имаат деталите, кои го прават апартманот несекојдневен и единствен.