Во март годинава Македонија ја посетиле 36.290 туристи што е зголемување за 5,5 отсто во однос на истиот месец лани. Според Државниот завод за статистика, зголемен е и бројот на ноќевања за 7,5 проценти или изнесувал 78.721.
Бројот на домашните туристи во истиот споредбен период е зголемен за 20,6 отсто, а на странските е намален за 2,7 проценти. Бројот на ноќевањата на домашните туристи е зголемен за 16 отсто, а на странските за 1,8.
Во јануари-март 2014 во однос на истиот период претходната година, бројот на туристите е зголемен за 2,8 отсто. Кај домашните зголемувањето е 6,9 проценти, а кај странските останал на исто ниво. Бројот на ноќевањата е зголемен за 2,9 проценти, кај домашните туристи за 3,7, а кај странските за 2,3.