Ноќеска околу 24 часот, дел од вработените во третата смена во фабриката „Дрекслмаер“ во Кавадарци, незадоволни од висината на платите почнале штрајк.
Просечната плата на вработените во оваа компанија изнесува 9000 денари.
Во оваа фабрика се вработени вкупно 3 илјади и 531 работник. Тие имаат обезбеден превоз. Вработени се луѓе од Кавадарци, но и од Велес, Неготино, Градско, Росоман, Демир Капија.
Инвестицијата на „Дрекселмаер“ е 35 милиони евра за производство на кабелски инсталации за автомобилската индустрија.