Поранешниот израелски премиер Олмерт осуден на шест години затвор за корупција

Од:

Поранешниот израелски премиер Ехуд Олмерт денеска е осуден на шест години затвор под обвинение за примање поткуп во корупцискиот случај „Холиленд“.

Судот во Тел Авив изутринава го прогласи за виновен Олмерт (68) за примање поткуп додека бил градоначалник на Ерусалим во замена за помош во изградба на станбениот проект „Холиленд“.

– Јавниот службеник што прима поткуп е ист како и предавник, изјави судијата Давид Розен од окружниот суд во Тел Авив, при изрекувањето на казната затвор.

Би можело да ве интересира

Бројот на загинати борци на Хезболах може да достигне и до 4.000

Најмалку 17 Палестинци загинаа низ Газа во израелски напади

Елијаху: Не го победивме Хезболах, се согласивме на примирје под принуда

Израел и Либан се договорија: Само официјалните воени и безбедносни сили смеат да поседуваат оружје

Хамас е подготвен за прекин на огнот со Израел

Нетанјаху: Израел ќе одговори со сила на секое прекршување на примирјето во Либан

Горан Наумовски