СВР-Битола со превентивни информации за матурантите

Од:

СВР Битола во пресрет на матурските вечери кои во текот на наредната седмица ќе се прославуваат во битолските ресторани, на матурските одбори им посочи низа превентивни информации во функција на безбедно одвивање и завршување на матурските свечености.

Од СВР-Битола на матураните им предочија за време на матурските прослави да не користат алкохол или дрога, да не управуваат со моторни возила без положен возачки испит или под дејство на алкохол или дрога и да избегнуваат кавги, тепачки или други расправии.

Според востановената традиција, на директната средба меѓу матурските одбори и СВР-Битола, стручните лица од битолската полиција нагласија дека за време на матурските вечери ќе бидат зајакнати сообраќајните и други контроли со цел безбедно и достоинствено одбележување на матурската прослава.

Би можело да ве интересира

26-годишна жена од Битола осомничена за обид за убиство на нејзините баба и дедо

Горан Наумовски

Денеска во дигиталната судница во Идризово почнува судењето за „Адитив“

Во Битола ноќеска беа опожарени „тојота“, „фолксваген пасат“ и „дачиа логан“

Врне снег во Охрид, Скопје и во Битола

Горан Наумовски

Земјотрес e почувствуван во Битола и околината

Општина Битола издвои два милиони денари за семејствата на починатите и за повредените во пожарот во Кочани