Најбараниот лидер и основач на озлогласениот мексикански нарко картел Зетас, Галдињо Мељадо Круз е убиен во судир со војска, во кој се користени гранати и автоматски пушки, соопштија властите.
Круз кој што е воен дезертер познат и како З-9, е убиен во еден од двата вооружени судири во пограничниот град Рејњос, во кој загинаа уште петмина цивили и еден војник.
Судирот се случи во ек на насилството во североисточната држава Тамаулипас, во кое од 5-ти април се убиени најмалку 80 лица.
Податоците на разузнавачката служба, ја довеле војската до куќата во Рејњоса, во која се криел Круз, вели комесарот за национална безбедност, Монте Алејандро Рубидо.
Од куќата тогаш биле испалени гранати и се пукало врз војниците, а на местото на судирот пристигнале и неколки возила со вооружени лица, кои очигледно дошле да му помогнат на Круз.
Кога завршил судирот, Мељадо Круз бил пронајден мртов во куќата, а покрај него имало автоматска пушка.
Е.Г.